Индонезија домаќин на нова рунда израелско-палестински преговори

Во главниот град на Индонезија, Џакарта на 15 и 16 декември ќе се оддржи нова рунда израелско-палестински преговори.
Средбата, што ќе биде под покровителство на ОН, ќе биде посветена на решавање на проблемот на разграничувањето, положбата на палестинските бегалци, статусот на новите еврејски доселенички населби на Западниот Брег и внатрешната сигурност на палестинските територии.
Генералниот директор на индонезиското Министертсво за надворешни работи Хасан Клеиб денеска соопшти дека документите што би биле усвоени на овие разговори ќе бидат проследени до ОН.
Хасан смета дека и досегашните содржини на документите, иако не се дефинитивни, влеваат надеж за поголем бапредок во решавањето на израелско-палестинскиот спор.
Индонезија во рамките на Движењето на неврзаните и во ОН ја предводи поголемата група држави кои посредуваат во решавањето на споровите меѓу Израел и Палестинците.
Џакарта како успех на својата меѓународна политика и докажување на нејзината улога како меѓунаоден посредник, денеска потстети дека по заслуга на групата држави на чие чело е таа, пред зградата на Обединетите Нации од септември годинава „се вее и знамето на Палестина“.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
