Индиските власти го ослободија најмладиот од осудените за групно силување во 2012 година
Најмладиот, од шестемина осудени за групното силување и убиство на жена во Њу Делхи пред три години, вчера беше ослободен, откако три годи помина во поправен дом.
- Момчето, кое за време на делото не беше полнолетно, сега ќе биде под старателство на невладина организација.
Поради неговото ослободување имаше протести во Њу Делхи. Активистите и полицијата бараа тој да не биде ослободен додека не се докаже дека го поправил своето однесување. Протестите беа предводени од родителите на жената кој беше силувана во декември 2012 година.
Вишиот суд на Њу Делхи во петокот ја одби да ја продолжи казната со образложение дека ја одлежал максималната казна предвидена според законот.
Врховниот суд на Индија денеска ќе ја разгледа жалба против неовото ослободување, поднесена од Комисијата за жените во Њу Делхи.
Ново на Сител
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство