Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година

Индија и Русија се договорија за сеопфатна програма за економска соработка насочена кон достигнување 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година, соопшти индискиот премиер Нарендра Моди по денешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Целта на оваа иницијатива, која беше најавена за време на првата посета на Путин на Индија откако започна војната во Украина, е значително проширување на трговските односи надвор од договорите за нафта и оружје.
Моди истакна дека двете земји работат на договор за слободна трговија меѓу Индија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, во која членуваат и Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.
Путин го смета економското групирање за ефикасна алатка против западните санкции, воведени како одговор на руската инвазија на Украина.
Индија досега зазема прагматичен став во однос на конфликтот, одржувајќи добри односи и со Москва и со Западот.
Индија покрива поголем дел од своите потреби за сурова нафта преку увоз од Русија, а исто така увезува и голем дел од својата воена опрема од Москва.
МИА
Ново на Сител
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
