Индексно осигурување на земјоделски приноси, промотивен продукт во осигурувањето

Климатските промени, недоволна застапеност на осигурување, иновативни продукти, корпоративно управување во услови на дигитализација и промена на бизнис моделите и јакнење на зашитата на интересите на осигурениците, беа тема на Конференцијата за најновите трендови во осигурувањето и нивното влијание во регионот на централна, источна и југоисточна Европа, што се одржа во организација на Австрискиот регулатор за финансиски пазари.
На Конференцијата, како што информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, учествуваше претседателот на Советот на експерти на Агенцијата Климе Попоски на панелот на кој тема беше сериозноста и последиците од глобалното затополување и влијанието врз економијата, посебно земјоделството, како и во однос на изложеноста на граѓаните од потенцијални финансиски загуби. При тоа одредени региони во кои е влкучена и нашата земја има висока изложеност и на ризик од земјотрес.
Попоски, како што наведуваат од Агенцијата, ги истакна позитивните резултати во развојот на осигурувањето од катастрофи, посебно во сегментот на земјоделско осигурување.
-Кај земјоделското осигурување, како дел од осигурувањето на имот во првата половина од 2019 година се забележува пораст од 36,52 отсто во реализирана премија. При тоа само на нашиот осигурителен пазар споредено со земјите од Југоисточна Европа се промовира иновативен продукт во делот на земјоделско осигурување, познат како индексно осигурување на земјоделски приноси, истакна Попоски.
Тој информира дека во соработка со Светска банка се договара проект за развој на земјоделски осигурителен пул, кој ќе придонесе за уште поголем развој на земјоделското осигурување.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
