Свет
27. December 2019 - 18:15

Инцидент во зоолошката во Цирих: Крокодил зграпчи вработена, животното убиено

Крокодилот што ја зграпчи раката на вработена зоолошката градина во Цирих, беше убиен за да се ослободи жената, пренесува news.com.au.

Несреќата се случила кога работничката дошла за да ја исчисти просторијата во која престојувал крокодилот. Додека се обидувала да го премести, крокодилот ја зграпчил.

Откако се обиделе да и помогнат на работничката, раководството на зоолошката градина решиле да го убијат крокодилот.

Крокодилот, патем, тежел 15 килограми и бил долг метар и половина. За да биде  трагедијата поголема, тоа бил филипински крокодил, загрозен вид од кој има само 250 примероци во дивината.