Инцидент во македонско казино - има повредени

Вчера во 07,25 часот телефонски во Полициската станица во Охрид, 54-годишниот С.С.од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде. А.Ф. му рекол или да му даде пари или ќе го истепа, а потоа заедно со Ф.А. го фатиле за рацете и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата, воедно А.Ф. му зел 10.000 денари кои ги држел во раката, и продолжиле да го удираат по телото. С.С. успеал да влезе внатре во казиното, но А.Ф. продолжил да го удира со тупаници, по што С.С. паднал во безсознание. На С.С. му е укажана лекарска помош во МЦ-Охрид, од каде е префрлен во Болницата Св.Еразмо и му е констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата). Се преземаат мерки за
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
