Инцидент во македонски ноќен клуб
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Н.за сторено кривично дело „тешка кражба” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и против 22-годишниот С.К. и 18-годишниот П.Т., сите од Охрид, за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење службено дејствие”.
На 11.05.2018 година во 02:05 часот по полноќ во локал во Охрид, првопријавениот со физичка сила ја отворил влезната врата од објекот, по што влегол внатре и одзел шише коњак кое го ставил на масата на која седеле пријавените. Откако настанот бил пријавен од страна на сопственикот на локалот, пријавените одбиле да бидат легитимирани од страна на полициски службеници, по што првопријавениот физички го нападнал полицискиот службеник, а додека второ и трето пријавените ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија со цел да му овозможат на првопријавениот да избега, по што истите биле совладани и лишени од слобода.
Ново на Сител
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници