Инцидент во црногорското Собрание
Пратеници на црногорскиот опозициски Демократски фронт (ДФ) денеска предизвикаа инцидент во Собранието на Црна Гора, навредувајчи го премиерот Мило Ѓукановиќ и обидувајќи се дури и физички да се пресметаат со него.
Како што јави црногорската државна телевизија РТЦГ, до инцидентот дошло за време на расправата за изборот на нови членови на Владата, кога пратниците на ДФ почнале погрдно да скандираат против Ѓукановиќ.
Според телевизијата, кога Ѓукановиќ пред Собранието почнал да ги образложува кандидатурите за нови министри, пратениците на ДФ станале од своите места и почнале да скандираат: „Мило, крадец“.
Поради ваквиот инцидент претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ ја прекина седницата, по што, како што јави ФЕНА, премиерот на навредите на опозициските пратеници одговорил: „браво кретени“.
РТЦГ јави дека по прекинот на преносот од собраниската седница, дел од пратениците на ДФ се обиделе и физички да се пресметаат со Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика