Македонија
7. December 2019 - 9:24

Инцидент во Бутел: Нападнати деца, едното рането со нож

Тежок инцидент вчера се случи  во скопската населба Бутел. 
 
- Вечерва во Бутел кај Зегин беше физички нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13-годишниот Никола од Бутел, обелоденува Дарко Костовски.
 
Според неговите информации, Никола сега е во стабилна состојба, но Костовски порачува:
 
- Јавно барам веднаш градоначанлникот Смилевски, командирот на полициската станица и сите останати надлежни да дадат се од себе и оваа група деликвенти и кукавици да се пронајде, да се истакнат нивните идентитети и веднаш да се преземат сите законски мерки. Во спротивно ќе следи голем протест со граѓанска непослушност. Овој случај мора веднаш да се реши!