-->
-->
Инцидент во амбулантата во Шуто Оризари - претепана медицинската сестра
-->
Инцидент се случил вчера во амбулантата во Шуто Оризари, медицинската сестра претепана. Како што информираат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 12:30 часот било пријавено дека на улица „Индира Ганди“ во ходникот на амбулантата „Шуто Оризари“ медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33). Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З. и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето.
Се работи на целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент
-
Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани
-
ЈСП со две нови линии за Саемот на книга, „100“ и „200“
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала