Македонија
2. September 2020 - 14:02

Инцидент при рушењето - маж влезе меѓу разурнатите столбови пред ТЦ „Мавровка“

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред „Мавровка“ за време на уривањето, пренесува „А1он“.

Тој успеа да влезе во карабината, зема парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.

Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа.

Во меѓувреме застана со работа и багерот кој урива.

„Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.

Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.