Инцидент пред влезот во српското Собрание

Пратеници од српската опозицијата се обидоа претпладнево да влезат од главниот влез во Собранието, отстранувајќи ја металната ограда околу шаторската населба, по што започна туркањето со полицијата. Пратениците ја пресекоа жицата што ги поврзува металните огради и се упатија кон главниот влез во Собранието.
Меѓу пратениците беа Здравко Понош, кој исто така помина низ таканаречениот „Ќациленд“ вчера, Петар Бошковиќ, Стефан Јањиќ, а денеска им се придружија пратениците од Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ, Душан Никезиќ, Роберт Козма и Билјана Ѓорѓевиќ од Зелено-левичарскиот фронт.
Додека минуваа, од шаторската наслеба беа вербално навредувани, а обезбедувањето во жолти елеци ги оддели луѓето од кампот на поддржувачи на владата кои се обидуваа да ги нападнат пратениците.Подоцна и полицајци им се придружија на обезбедувањето во жолти елеци, со цел да спречат поголем инцидент.
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, вчера на состанокот со пратениците од опозицијата изјави дека во следните два дена на пратениците ќе им биде дозволен пристап до српското Собрание од главниот влез.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
