-->
-->
Името, употребата и иредентизмот, делови од националната линија на Нова демократија
-->

Кирјакос Мицотакис, јавува дописникот на МИА од Атина, во рамките на дводневната турнеја во Северна Грција говореше пред членови на партијата во Литохоро и се осврна и на прашањето за името.
Од неговите сопартијци побара да имаат доверба во него, како што имале доверба во Костас Караманлис во 2008 во Букурешт, кога била формирана и грчката црвена линија за името, позиција, што според Мицотакис и сега е непроменета, а се однесува на границите во кои едно решение би било прифатливо за Нова демократија.
- И денес, во целост е во сила истата национална линија. Ова не се однесува само на прашањето со името. Се однесува на прашањата за употребата на името она што го нарекуваме ерга омнес. Се однесува секако и на прашањата со иредентизмот и неприфатливите барања од соседите, кои ја навредуваат националната гордост не само на Македонците, туку и на Грците. И ова треба да запре, ако навистина сакаме да најдеме заемно прифатливо решение, објасни Мицотакис, пренесува МИА.
Претседателот на грчката опозициска партија, во неговото обраќање рече дека неслучајно одбрал да биде во конкретните градови во Северна Грција, во областа Македонија, поврзувајќи ја неговата турнеја со разговорите за името.
- Ова се денови кога знам многу добро дека нашите сонародници Македонците чувствуваат загриженост, но во исто се и во едно исчекување за решавање на националното прашање, рече Кирјакос Мицотакис.с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани