Имер Селмани заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје?
Поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селамани најверојатно ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на СДСМ и ДУИ, пишуваат албанските медиуми, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави изненадување кое ќе го соопшти во сабота.
„Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети по повод 19-годишнината од основањето на партијата, на 5 јуни (05.06.2021) во сабота, во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните.
Претседателот Ахмети преку социјалните мрежи ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја.“ – велат од ДУИ.
Медиумите пишуваат дека изненадувањето е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот