Имате чести главоболки, грчеви или проблеми со ноктите - веднаш преземете мерки
Различни недостатоци на минерали и витамини може да предизвикаат различни здравствени проблеми. Погледнете ја листата на најчести симптоми на недостиг на минерали и витамини во вашето тело:
1. Грчеви во мускулите/Главоболка – недостиг на магнезиум
Повеќе од 75 отсто луѓе страдаат од недостиг на магнезиум во организмот. Магнезиумот е една од најмоќните материи која помага вашиот нервен систем да функционира правилно. Магнезиумот ги опушта напнатите мускули и нерви, ја ублажува главоболката и може да ви помогне подобро да спиете. Ако страдате од недостиг на магнезиум додадете некој зелен зеленчук во вашата исхрана, или кељ. Доадете малку горчлива сол во топла купка бидејќи е богата со магнезиум кој на овој начин ќе се апсорбира во кожата.
2. Акни на лицето – недостиг на цинк
Акните можат да укажат на недостиг на цинк. Цинкот влијае на поубавиот изглед на кожата и тенот и ја контролира вашата кожа во производството на маснотијата. Земајќи 30 мг цинк дневно можете да му помогнете на своето тело, а вашето лице ќе се ослободи од акните. Исто така, можете да се обидете да јадете сурови семки од тиква.
3. Кршливи, суви нокти/Сува коса - недостиг на биотин
Витамин Б7 или биотин е клуч за здрава коса. Иако биотинот ретко недостасува во телото, недостатоците се манифестираат низ губиток на косата, сува коса и нокти. Консумирајте храна богата со витамин Б и решете го проблемот кој настанува поради недостиг на биотин.
4. Слаба коса – недостиг на железо
Железото помага кислородот да оди низ телото, дури и во влакната. Ако забележите дека вашата коса станува потенка или имате нагол губиток на косата, можеби укажува на тоа дека имате недостиг на железо.
5. Бели испакнатини – есенцијални масни киселини
Ако забележите мали, бели испакнатини на задниот дел од раката тоа може да значи дека страдате од недостиг на омега-3 масни киселини. Консумирајте храна богата со омега-3 масни киселини за да ја вратите рамнотежата на својот организам.
Ново на Сител
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови