Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул

Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.
Тој беше приведен во средата, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, пренесува ДПА.
Имамоглу, водечка опозициска фигура и главен предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, формално беше уапсен денеска, откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција.
Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција.
Екрем Имамоглу, кој беше избран за градоначалник на Истанбул во 2019 година, ги негира обвинувањата и вели дека тие се политички мотивирани.
Ако Имамоглу биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
