Имала тешко детство, која е Шејла Зониќ?
Шејла Зониќ триумфираше вечерва во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Таа успеа во завршницата да добие повеќе гласови од Мики Секуловски и Андријана Петрушовска, македонските кандидати кои заедно со неа се пласираа меѓу најдобрите тројца натпреварувачи.
Оваа талентирана 30-годишна вокалистка е родена во Германија. Неколку пати го менувала местото на живеење, а денес е стационирана во Тузла каде живее со сопругот Армин.
Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Сараево. Со години настапувала со музичката група „Диванхана“, по што решила да ја продолжи кариерата соло.
Нејзиниот животен пат воопшто не бил лесен, особено во тинејџерските денови кога нејзиниот татко бил принуден да ја затвори компанијата поради здравствени проблеми.
„Кога бев во средно училиште, на татко ми му се слоши, имаше срцев удар. Мораше да ја затвори фирмата, на моите родители им беше тешко финансиски, мораа да ми плаќаат интернат, џепарлак, патувања. Имаше коментари од страна, зошто не ме испишат од училиште ако не можат да ме школуваат, но тие се бореа како и секој родител, особено затоа што видоа дека имам резултати“, раскажа таа во една прилика.
Во тој период многу ѝ помогнале сестрите. Едната ѝ ја платила киријата за три месеци, а другата за финиширање на магистратурата.
„Се нервирав затоа што никогаш не сакав да побарам помош, се срамев, тоа беше пораз за мене. Се чувствував ужасно осамено, имав панични напади, анксиозност, се прашував што сум направила досега. Се чудев што правам, јадев ориз и кечап во овој град, едноставно немаше што да јадам. Немав храброст да барам ништо од моите родители бидејќи татко ми беше болен, тие живееја само од неговата пензија“, откри таа неодамна.
Желбата за успех и потребата да му помогне на семејството ја натерале да направи нешто значајно, па се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“ да си ја проба среќата. Тоа го направила на убедување на нејзиниот сопруг Армин, кој ѝ е најголем поддржувач.
Малкумина знаат дека нејзиниот вујко е познатиот пејач Кемал Маловчиќ, од кого го наследила талентот за пеење.
„Пред да се омажам се презивав Гргиќ. Во текот на студирањето станав член на севдах составот „Диванхана“, пеев со нив на три континенти и го снимив албумот „Заврзлама“, кој доби светски признанија и награди. Откако магистрирав на Музичката академија, почнав да држам предавања по пеење, пијано и солфеж во приватни и државни училишта“, се присети Зониќ во едно интервју.
Шејла е една од ретките натпреварувачи кои во текот на минатите девет месеци ниту еднаш не се најде во бараж. Нејзин ментор беше Светлана Цеца Ражњатовиќ.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек