-->
-->
Имал силни болки во стомакот и отишол на преглед: Кога погледнале на ултразвук што носи во себе, лекарите занемеле
-->

Еден човек, добил големи стомачни болки и отишол на преглед, затоа што мислел дека има проблеми со мочниот меур. Претходно претрпел силни болки на левата страна од телото и три дена имал проблеми со мокрењето. Меѓутоа, она што следувало ги шокирало и него и лекарите.
64-годишниот маж од Калифорнија САД, откако бил примен во болница, лекарите му направиле ултразвук и на снимката виделе голем камен со големина на јајце од ној! Тежок бил 770 грама, а пропорциите му биле 12 х 9,5 х 7,5 сантиметри. За споредба, просечен камен во тело на човек тежи 1,3 грама. Значи не е изненадување тоа што лекарите велат дека ова е еден од најневообичаените случаи што ги имале.

Инаку, овој пациент имал рак на мочниот меур пред десет години, па лекарите тогаш од дебелото црево му формирале нов, и се верува дека тоа го зголемило ризикот за формирање камен.
За среќа, човекот на крајот се опоравил, но лекарите му рекле дека ќе мора редовно да го контролира евентуалниот развој на нов камен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
