Имал само душек и кофа: Осумгодишно дете пронајдено во бункер со дрога
Австралиската полиција во текот на рацијата пронајде осумгодишно дете затворено со бункер полн со дрога.
Полицијата наведува дека детето во подземниот бункер е држено неколку недели и дека му било дозволено повремо да излезе за да се исчисти и повремено да јаде.
Освен тоа во бункерот се пронајдени 225 корени канабис, како и душек и кофа која детето ја користело за вршење нужда. Уапсени се три лица, а полицајците наишле на вкупно четири деца, на возраст од 12 месеци до 9 години. Едно од нив практично било држено во заложништво. Децата ги презела социјалната служба.
Од полицијата истакнуваат дека во текот на рацијата на 19 декември имале проблем да го најдат тајниот бункер кој се состоел од три контејнери закопани под тлото, чиј поклопец се отворал на прекинувач. Полицијата дошла да ја пребара куќата по сознанијата дека тука можеби се одгледува марихуана, Меѓутоа кога дошле виделе дека се работи за многу сериозна операција. Повеќе од 200 билки имало под земја, а со посебен далечински управувач се отварал долниот, скриен дел од куќата.
Куќата во која живееле осомничените се наоѓа на 300 километри северно од Сиднеј. Моментално се трага по двајца осомничени.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата