УЕФА ги поевтини билетите за гостински навивачи во ЛШ
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одреди максимална цена од 60 евра за билети за навивачи на гостинските екипи во натпреварите од Лигата на шампиони,
Станува збор за намалување на цената за 10 евра од претходното ограничување, кое беше воведено од УЕФА во 2019 година. УЕФА планира да ја намали цената за дополнителни 10 евра за следната сезона.
„Денешната одлука е клучен чекор кон желбата на УЕФА да го подобри искуството на денот на натпреварот на сите фудбалски фанови. Со воведување на овие попристапни цени, сакаме да донесеме уште повеќе луѓе во спортот кој има навивачи кои патуваат низ Европа, за да ги поддржат нивните омилени клубови“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Одлуката на УЕФА за намалување на цените на билетите за гостинските навивачи е донесена заедно со Европската клупска асоцијација и Организацијата на фудбалски навивачи во Европа.
Најскапите гостински билети во Лига Европа ќе чинат 40 евра, додека во Конференциската лига не повеќе од 20 евра.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии