-->
-->
Има 145 години: Ги погребал сите свои жени и деца, сега има само една желба
-->
Овој маж ги надживеал своите десет браќа и сестри, четирите сопруги од кои последната починала во 1988 година.
Мбах Готхо, маж од Индонезија тврди дека е најстариот човек на светот.
Според документите кои во Индонезија се признаени како веродостојни, Мбах има 145 години, а роден е на Нова година во 1870 година, пишува The Sun.
Сите негови браќа и сестри, сопруги и деца починале, а тој живее со помошта на внуците, правниците и праправнуците.
Ако неговите документи се вистински, тој е најстариот човек на светот. Според она што е познато досега рекордот е на Французинката Жана Калмент која живеела 122 години. Иако во Индонезија документите на Мбах се признати, се уште никој со сигурност не потврдил дека податоците на истите се вистинити.
-Само сакам да умрам, изјавил Мбах во едно телевизиско интервју.
Неговиот внук истакнал дека дедо му се подготвува за смртта од својата 122 година. Старецот времето го минува најмногу слушајќи радио, а последните три месеци внуците го хранат и бањаат бидејќи многу ослабел.
-Трпение, е одговорот на Мбах за прашањето која е тајната на долговечноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи