Македонија
4. February 2020 - 19:23

Им влегол дома со нож, мајка и двајца синови нападнати во Волково

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Г.М.(46) од с.Волково, скопско, пријавила дека околу 17:15 часот во с.Волково, во двор од нивната семејна куќа, со нож им биле упатувани закани на неа и нејзините двајца синови, Л.М.(18) и 17-годишен малолетник, по што малолетникот бил физички нападнат од едно лице кое било заедно со Р.С. од с.Волково.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.