Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк

Илјадници униформирани полицајци од Полициската управа на Њујорк (NYPD) беа распоредени во и околу седиштето на Обединетите нации за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, а се ангажирани и специјализирани единици, изјави полициската комесарка Џесика Тиш.
Таа додаде дека се очекуваат речиси 200 странски претставници да пристигнат во Њујорк оваа недела.
Градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, изјави дека нема информации за специфични или веродостојни закани за Генералното собрание на ОН или градот, но дека нивото на безбедност е зголемено како мерка на претпазливост.
Во однос на безбедноста, NYPD ќе соработува со Тајната служба на САД и Дипломатската безбедносна служба на Стејт департментот. Распоредени се вооружени тимови, воздушни и речни единици, полициски кучиња, тимови за деминирање, тим за управување со беспилотни летала и офицери за борба против тероризмот.
Во текот на неделата се очекуваат бројни затворања на улици и сообраќајни метежи низ целиот Менхетен, додека одредени зони повремено ќе бидат затворени за пешаци и возила.
До сабота е на сила привремено ограничување на летовите во радиус од две наутички милји околу седиштето на ОН.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
