Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици

Илјадници фалсификувани кукли Лабубу се запленети од продавници низ Велика Британија, поради предупредувања за нивна небезбедност.
Куклите, препознатливи по својот влакнест изглед како чудовиште, станаа популарни благодарение на кинескиот производител на играчки Pop Mart и беа промовирани од познати личности ширум светот.
Фалсификуваните кукли, нарекувани „Lafufus“, често имаат извиткани екстремитети, деформирани глави или погрешен број заби. Вистинските Labubu имаат девет заби.
Фалсификатите, кои најчесто се продаваат преку трети продавачи и локални продавници, се слабо изработени и небезбедни за деца – со делови што може да се одвојат и лабаво шиење, што претставува опасност од задушување.
Многу родители пријавиле сомнителни производи до Trading Standards, по што тие биле запленети поради кршење на британските правила за играчки од 2011 година – недостиг на CE или UKCA безбедносни ознаки, податоци за увозникот и задолжителни предупредувања за безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
