Илјадници евакуирани поради пожар во фабрика за вештачко ѓубриво во Северна Каролина
– Пожар во фабрика за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија.
Околу 6.500 луѓе се евакуирани од своите домови во градот Винстон-Салем, затвореници од блискиот затвор и студенти од кампус, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво.
Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана, бидејќи во фабриката има од 300 до 600 тони амониум нитрат.
Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници од затворот Форсајт и студенти од кампусот на Универзитетот Вејк Форест.
Универзитетот ја откажа денешната настава и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите.
Затворениците биле префрлени во поправен дом во Тејлорсвил, додека градот отворил објект на саемот во Винстон-Салем, каде што се засолниле евакуираните граѓани.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР