Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд

Специјалниот апалециски суд против организиран криминал и корупција во Тирана , го отфрли барањето за поблаги мерки, со што поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор.
Судот исто така ја потврди и мерката ” обврска за јавување” за неговата сопруга, со која се во процес на развод, и пратеничка, Моника Круемади.
По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупцијата (СПАК), Мета беше уапсен на 21 минатиот месец. Два дена подоцна му беше изречена мерка затворски притвор, која ја издржува во затворот “313” во Тирана, кој се смета за затвор со висока безбедност.
Мета беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година, а ја извршуваше и функцијата премиер, претседател на парламент, министер за надворешни работи.
Мета и Круемади се обвинети од СПАК дека при вршење на должноста во минатото биле вмешани во корупција, перење пари и непријавување имот.
Специјалните обвинители тврдат дека истрагите покажале дека тие ја искористиле својата моќ за да го фаворизираат свои луѓе и од нив добивале парична средства и недвижен имот.
По излегувањето од судот, каде расправата траеше неколку часа, Круемади изјави дека аргументите на обвинителите на СПАК се засновани на фалсификат.
Адвокатот на Мета, Генц Ѓокутај пред новинарите изјави дека сега ќе се жалат и до Врховниот суд, а доколку има потреба и до меѓународните судови.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
