Илиоски: Опасно е да не се побара мислење од МАНУ за прашање кое задира во идентитетот
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се осврна на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и ја повика Македонската академија на науките и уметностите да покаже интерес за ова прашање.
Според ВМРО-ДПМНЕ, небарањето на мислење од највисоката научна институција за прашање кое задира во индентитетот на македонскиот народ и држава е исклучително опасно.
- МАНУ вчера призна дека Зоран Заев ниту ги консултирал, ниту побарал мислење пред да ги прифати деталите од договорот со Бугарија. Ова е скандал. Наместо најавените дебати за сите прашања, да не се побара мислење од највисоката научна институција за прашање кое задира во идентитетот на Македонскиот народ и држава е исклучително опасна игра, изјави Зоран Илиоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на МАНУ.
Според него, академиците од МАНУ штом ќе бидат информирани за содржината на договорот, имаат обврска да заземат став и да ги штитат националните и државните интереси.
- Академиците имаат обврска пред граѓаните да ги информираат за сите ризици и опасности по националните интереси кои произлегуваат од договорот. Таки Фити како претседател на МАНУ треба да се засрами што ја довел во ваква ситуација оваа висока научна институција. Тој со својата незаинтересираност за вака сериозно прашање само оди на линија на обвинувањата на директорот на Бугарскиот национален музеј дека е исплашен за својата работа и позиција и дека Зоран Заев може лесно да го избрка од работа, рече Илиоски.
Тој додаде дека МАНУ и останатите релевантни институции треба да не молчат и да се придружат на барањето на граѓаните за транспаретност и дебата околу ова прашање.
Ново на Сител
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава
-
Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
-
Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво
-
Кривична против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба
-
Мисајловски на средба со генералот Бардуани: Македонија ќе продолжи да биде столб на безбедноста на Балканот