„Илинден“: Не е прифатен ниту еден проект на македонските здруженија

Од македонското друштво „Илинден“ во Албанија тврдат дека албанското Министерство за култура не прифатило ниту еден проект на македонските друштва.
- Воопшто не сме задоволни од односот на Министртвото за култура. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад, а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од асоцијациите на Македонците. Доставуваме проекти, но тие не се прифаќаат, вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“.
Според него, Македонците имаат потреба од поддршка на нивните проекти кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија.
- Владата треба да има предвид дека и ние Македонците во Албанија, треба да добиваме проекти, ние сме лојални граѓани и ги плаќаме сите даноци, но пари за наши културни активности нема, вели Ѓурѓај.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
