Илијовски: Поради негрижа на градоначалникот, прекината наставата во ОУ „Димитар Миладинов“
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поради негрижа на градоначалникот на општина Центар е прекината наставата во основното училиште „Димитар Миладинов“ во општина Центар каде електричната инсталација предизвикала електричен спој.
Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник во општина Центар Илија Илијовски изјави дека ситуацијата во училиштето е алармантна и оти електричната инсталација во училиштето е дотраена и претставува опасност за учениците.
- Причината за итната евакуација на учениците и прекинување на наставата е избивање на сериозен проблем со електричната инсталација во училиштето, проблем кој можел да заврши фатално за голем број на ученици. Имено, електричната инсталација и разводната табла предизвикале електричен пожар, искрење и чадење низ просториите на училиштето, што само по себе предизвикува опасност од вдишување чад и гушење од страна на учениците, рече Илијовски.
Тој праша дали на градоначалникот Андреј Жерновски поважни му се боемските улици и ангажирањето на диџеи како Стив Аоки наместо животите на учениците.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска