Кошарка
4. February 2016 - 9:26

Илиевски нов (трет) тренер на Кожув

 

Кошаркарскиот клуб Кожув по серијата порази му врачи отказ на досегашниот тренер Стратос Кукулекидис и на негово место за прв човек на тимот го назначи Марјан Иливески. Ова за Илиевски ќе биде исклучително тешка обврска особено што тимот од Гевгелија го очекуваат тешки натпревари и има големи амбиции во Купот на Македонија каде ја има улогата и на домаќин. Кус е периодот до подготовка на екипата за Купот (се игра од 19 до 21 февруари).

Инаку Илиевски се враќа во македонската кошарка откако најпрвин беше тренер на Лирија, а ланската сезона го предводеше тимот на Сигал Приштина со кој ја освои титулата во БИБЛ лигата.
Воедно вчерашниот пораз на Кожув дома од Сигал Приштина беше и последниот натпревар на Кукулекидис на клупата на гевгеличани.