Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, за средбата со Унгарија очекува подобро издание на неговите избраници во однос на мечот со Романија.
-Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна игра во транзиција. Да се обидеме сите отворени шутеви да ги затвориме. Сето она кое што е наша особина, и наша карактеристика, колку што можеме да го подобриме нападот. Бидејќи одбраната е желба, а кај нас таа постои. И нормално е дека секогаш постои простор да се поправа. Тоа, заедно со малку поголема самодоверба кај младите играчи да го реализираат тоа во нападот, верувам дека сето тоа ќе изгледа многу поразлично, изјави Илиевски.
Потенцира една особено важна работа во овој процес на подмладување на сениорскиот национален состав.
-Бројките не ни значат ништо во однос на индивидуални решенија од самите наши поединци. Туку ни значи сето она што се вика колектив. Мислам, поточно убеден сум дека на средбата со Романија се гледаше дека функционираме како тим.
Натпреварот Унгарија – Македонија ќе се игра в сабота од 18 часот во Шолнок.
МИА
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование