ОН: Илегалното оружје е голем проблем за Балканот

Европската унија треба да изврши политички притисок врз балканските земји, со цел тие да ја интензивираат борбата против илегалната трговија со оружје, но во исто време треба и да му помогне на рагионот во зајакнување на полициските капацитети за справување со овој проблем, смета раководителот на Проектот на ОН за борба против трговијата со илегално оружје, Иван Звержановски.
- Сега е вистински момент да се преземе нешто, пред овие земји да влеазт во ЕУ, изјави Звержановски, посочувајќи ја како пример Хрватска, која, според него, по приемот во Унијата, значително го намалила обемот на борбата против илегалната трговија со оружје.
Тој оцени дека напорите на земјите од Балканот во борбата против илегалната трговија со оружје се чисто наменски, посочувајќи дека оружјето што преку балканскиот регион пристигнува во западна Европа и натаму претставува „голем проблем“.
Звержановски нагласи дека пиштол купен на црниот пазар на Балканот за цена од 250 до 500 евра, во западните земји, како на пример во Шведска, може да се препродаде илегално за 3.000 до 5.000 евра.
- Пресврт настана по нападот во Париз на 13 ноември 2015 година, во кој беше користено оружје произведено во Србија, што доведе до засилување на соработката меѓу земјите од Балканот и ЕУ, вели Звержановски.
Тој потсетува дека по парискиот напад, Србија и Франција потпишаа договор за формирање заеднички тимови за борба против илегалната трговија со оружје.
Според едно меѓународно истражување за лесно оружје, во 2014 година во земјите од Западниот Балкан, каде живеат помалку од 25 милиони лица, имало меѓу 3,6 и 6,2 милиони парчиња огнено оружје во сопственост на цивили.
Ново на Сител
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
-

Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина
-

Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе
-

Мицкоски од Конче: Нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места
-

Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
-

Препораки и мерки за актуелната состојба со сметот: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот
-

Касами ја продолжува кампањата за Тетово, рече дека бил градоначалник на сите граѓани
