ИХС Џејнс: За 42 отсто зголемено дневното насилство на ИД
Глобалната организација ИХС Џејнс денеска објави дека дошло до огромен пораст на насилството кое го врши „Исламска држава“, за дури 42 отсто дневно. Оваа организација посочува дека во изминатите три месеци изведени се повеќе од 1000 напади и убиени речиси 3.000 луѓе.
ИХС, која за одбранбената индустрија во светот објавува анализи од различни области, наведува дека џихадистичките напади се зголемени за 42 проценти дневно и дека во периодот од јули до септември се изведени во просек 11,8 напади дневно, во однос на 8,3 дневно меѓу април и јуни.
Податоците од ИХС сугерираат дека воздушните напади од коалицијата предводена од САД имаат само ограничено влијание врз ИД.
ИХС регистрирал 1.086 напади на ИД, кои причиниле смрт на 2.987 цивилни и владини жртви, што е огромен пораст од 65,3 отсто на дневно ниво во изминатите три месеци, а 81 отсто во однос на една година претходно.
ИХС Џејнс користи само јавно објавени извештаи, па така наведува дека најверојатно ИД извела многу повеќе напади кои не можат да бидат верификувани.
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква