Игор Николов: СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше и пријавуваше нерегуларности во врска со последните претседателски избори. Јавното обвинителство и другите надлежни институции не собраа храброст да се ослободат од притисоци и да постапат по наводите за злоупотреба во институциите.
Разговорот од состанокот во Прилеп, покажува дека СДСМ најбрутално политички ги злоупотребува дури и болниците, играјќи си со животот на пациентите и со персоналот.
Скандалозно е да се помисли кои се тие политички задачи што треба да ги изврши медицински персонал во една болница. Дали тоа значи уцена за гласови упатени кон пациентите или уцени кон колеги кои треба да пружат здравствени услуги на пациентите?
СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување на партиски активисти, кои потоа наместо извршување на работата за која се платени, работат за партијата за време на избори, агитираат и собираат гласови.
СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели. Наместо во институциите, вработените од СДСМ во администрацијата работат за партијата.
Од аудио снимката која е пуштена во интернет просторот, се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски на состанокот со нововработените во прилепската болница. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите нововработените како надомест за добиеното работно место мора да истрчаат за партијата на изборите. Во конкретниот случај треба да истрчаат за Стево Пендаровски.
На снимката се слуша на каков начин се принудувани да гласаат граѓаните за Стево Пендаровски, со притисоци од страна на администрацијата.
Слушнете дел од снимката која е емитувана на Јутјуб, а на која се слуша гласот на претседателот на прилепскиот огранок на СДСМ, Миле Талески.
На ваков начин работи и функционира СДСМ. Вработените во време на СДСМ, како надомест за нивното работно место, мора да работат за СДСМ и Стево Пендаровски.
Талески директно, експлицитно им кажува на вработените дека во текот на изборите наместо на работата за која се платени во болниците ќе треба да се посветат на партијата.
Ова е начинот на кој функционира СДСМ за време на претседателските избори, ова е начинот на кој функционира СДСМ за време на секои избори. Токму затоа и во извештаите на странските релевантни институции и организации се посочува на партизација и политизација на администрацијата.
Со сите закани, притисоци и злоупотреба на администрацијата, комплетно се согласува и министерот Горан Сугарески, чиј што глас ќе го слушнеме во продолжение.
Потребна е итна и неотповиклива оставка од Сугарески. Како и итна реакција на Јавното обвинителство. Бараме владата која одамна веќе нема кредибилитет итно да си даде оставка, да го распушти Парламентот, да се распишат предвремени парламентарни избори и да имаа одговорност, како за овој така и за сите преостанати случаи на криминал, корупција и злоупотреби кои се направени во изминативе три години од СДСМ и Зоран Заев на чело.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“

