„Игла под прагот“ со Ристановски во „Синеплекс“ од 2 март

Црногорско-српската црна комедија „Игла под прагот“, режисерски првенец на Иван Мариновиќ, во која главната улога ја игра Никола Ристановски, од 2 март ќе се прикажува во киното „Синеплекс“.
Светската премиера на оваа копродукција беше на фестивалот во Сараево, по што следуваа претставувања на повеќе фестивали во САД и Австралија, а за својата улога Ристановски ја доби наградата „Златен делфин“ за најдобар актер на 4. Босфорски интернационален филмски фестивал во Истанбул.
Режисерот Мариновиќ (1984) е автор и на сценариото на филмот. „Игла под прагот“ раскажува за жители на мало село на полуостров кои се на прагот да продадат голем имот во парохијата на поп Петар (Никола Ристановски) и со тоа да ги решат сите свои проблеми. Единствената пречка на нивниот пат е тврдоглавиот поп Петар кој одбива да го продаде својот дел.
Покрај со итрите селани кои секојдневно му го загорчуваат животот, Петар се соочува и со деменцијата на својата мајка (која ја игра актерката Јелисавета Сека Саблиќ), со вљубеноста на опседнатата Мара, со бунтовноста на синот-тинејџер и со постојаното преиспитување на сопствената вера.
Во актерската екипа се и Сека Саблиќ, Богдан Диклиќ, Леон Лучев..., а покрај Ристановски, македонско учество во филмот има и музиката на Тони Китановски.
Ново на Сител
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
