Иџет Мемети призна вина и се спогоди со Обвинителството: Наместо затвор, доби условна казна
По спроведената постапка, а пред поднесување на обвинителен предлог, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог – спогодба со осомничениот И.М. за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од 1 до 5 години. Претходно, со поднесената иницијатива за спогодување, осомничениот И.М до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави и поднесена неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ. Странките се согласија на осомничениот И.М. за стореното кривично дело да му биде изречена казна алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку осомничениот во рок од три години не стори ново кривично дело, како и судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од 3 (три) години, бидејќи истиот ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело.
Соочен со прибраните докази, осомничениот И.М. со самото потпишување на предлог – спогодбата ја призна вината, односно не го спори кривичното дело што му се става на товар и е согласен со предложената кривична санкција. Според описот содржан во диспозитивот на предлог – спогодбата тој, по претходен договор со првоосомничениот Н.Г. го искористил своето реално влијание, службена положба и углед како заменик претседател и член на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија и на неутврден датум, во текот на месец април и мај 2024 година, преку Н.Г. му пренел на сведокот дека наводно интервенирал да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши – поднесување на обвинителен предлог во врска кривична постапка против таткото на сведокот осомничен за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик. За кривичниот предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против таткото на сведокот, И.М бил претходно запознаен од страна на Н.Г. При неколкукратна меѓусебна комуникација преку интернет апликацијата Ватсап Н.Г. во присуство на сведокот разговарал со И.М кој не знаел дека разговорите ги слушал и сведокот. Во еден од тие разговори, сведокот дознал дека наводно од страна на И.М. бил даден налог за спогодување со таткото на сведокот и дека ќе биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодба со осомничениот – татко на сведокот. Притоа на сведокот од страна на осомничениот Н.Г. му било предочено дека при утврдување на видот и висината на казната ќе биде предложена и утврдена казна затвор од 5 (пет) години, како минимална казна за предметното кривично дело, која како таква подоцна ќе биде и одобрена и дека истата е резултат на нивната интервенција.
Осомничениот И.М. во присуство на неговиот бранител свесно и доброволно ја прифати Предлог – спогодбата и последиците што произлегуваат од неа и се откажа од правото на жалба доколку се донесе Пресуда со која се прифаќа предлог- спогодбата.
Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.
Истражната постапка против две лица беше започната на 20 мај годинава кога врховен судија беше фатен in flagranti во извршување на кривичното дело (https://jorm.gov.mk/istraga-protiv-dve-licza-za-primane-nagradata-za-pro...). Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена.
Предлог – спогодбата како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош