-->
-->
Идната недела повисоки дневни температури, во среда до 19 степени
-->
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека идната недела се очекуваат повисоки дневни температури. Во среда дневната температура ќе достигне до 19 степени.Во понеделник утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12 степени, во вторник од три до осум степени и од 10 до 15 степени, а во среда утринската од два до шест степени, а дневната температура од осум до 19 степени. Во четврток утринската температура ќе се движи од три до шест степени, а дневната од 10 до 17 степени, додека во петок утринската температура ќе се движи од нула до три степени, а дневната од 11 до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди, но локално се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено и засилен ветер главно од јужните правци, поизразен на планините и на југот од земјава. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка, посочуваат од УХМР.
Во текот на изминатото деноноќие во западниот дел од Македонија имаше пообилни врнежи од дожд, а на повисоките места и планините паѓаше снег. Времето денеска е променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди.
Од УХМР наведуваат дека до крајот на денов не се очекуваат нови поголеми врнежи од дожд, но поради топлото време и високите температури на воздухот, снегот ќе продолжи да се топи поради што е можно заезерување на реките во рамничарскиот дел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
