Идната недела нов министер за здравство
На домашната сцена до крајот на неделава или на почетокот на наредната се очекува предлогот за нов министер и уште двајца заменици кои треба да го наследат Таравари кој реши да си замине од Владата. Како што вчера објави премиерот, измени во распределбата на ресорите нема да има, што значи дека Вреди ќе ги предложи новите членови на владиниот кабинет.
Од оваа партија тврдат дека само мал број членови на Алијанса за Албанците решиле да го следат Таравари.
Вицепремиерот Фетаи кој беше меѓу првите кој му се спротивстави на Таравари, рече дека само тројца функционери си поднеле оставки додека уште педесетина остануваат дел од Владата. Според него, тие се откажале од партискиот лидер бидејќи тој се решил да му се придружи на ДУИ. Претходно и еден од пратениците од групата на Таравари си поднесе оставка изразувајќи несогласување со неговите позиции.
Таравари беше дел од владата околу 1 година пред да реши да ја напушти. Слични чекори лидерот на Алијанса правеше и во минатото. Тој неколку пати влегуваше и излегуваше од владата на СДСМ а во меѓувреме имаше и конфликт со Зијадин Села по што партијата ја подели на две фракции меѓу кои се уште трае судска постапка за тоа кој ќе го добие партискиот печат.
Ново на Сител
-
Итен инспекциски надзор за несобраното ѓубре, бара Здружението на млади правници
-
Со Clarivate - Web of science чекор поблиску до Шангајска листа
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот