Идентифкувани двајцата македонски туристи што се удавија во Драч
Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.
Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски(78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.
Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.
-Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.
Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно до телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал а откако влегол во водата го забележал и другото тело.
Најпрво прсутните на плажата им дале дрцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница