Идентификуван првиот напаѓач во Париз

Првиот идентификуван бомбаш-самоубиец во терористичките напади во Париз е Омар Исмаил Мостефаи, кој на француската полиција и е познат како ситен криминалец.
Тој е препознат според отисокот на прстот, кој е пронајден меѓу урнатините на концертната сала Батаклан.
Дваесет и девет годишниот Мостефаи е еден од тројцата, кој се разнесе и притоа уби 89 луѓе во концертната сала во петокот. Роден е во 1985 година во сиромашното париско предградие Куркурн и неговото криминално досие покажува дека имал осум пресуди за полесни кривични дела во периодот од 2004 до 2010 година, но не е осудуван на затвор. Неговиот татко и 34-годишниот брат се притворени, а истражни органи ги претресуваат домовите на неговите пријатели и роднини.
Мостефаи, колку што е познато, бил близок на радикалниот ислам, но никогаш не бил поврзан со тероризам.
Според весникот „Фигаро“, кој се повикува на извор од судско-медицинската експертиза, двајца од терористите во Париз биле на возраст меѓу 15 и 18 години.
Откривањето на сирискиот пасош во близина на телото на еден од напаѓачите го зголеми сомнежот дека некои од нив влегле во Европа како дел од бегалскиот бран од Сирија.
- Потврдуваме дека сирискиот државјанин преминал преку грчкиот остров Лезбос на 3 октомври, каде бил регистриран според правилата на ЕУ, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас.
Француската полиција соопшти дека напаѓачите изгледале искусни на прв поглед и добро обучени.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
