Идентификуван осомничениот убиец на Меделин Мекен
Идентификуван е осомничениот за нејзиното киднапирање пред 13 години – 43-годишниот Германец Кристијан Б. Кој во моментов издржува затворска казна за претходни дела, меѓу кои и сексуално злоставување деца.
Германските медиуми објавија дека тој сега се сомничи и за исчезнувањето на петгодишно девојче во Германија.
Тригодишната Меделин Мекен исчезна во Алгарве пред 13 години, додека беше на одмор таму со нејзините родители, Гери и Кејт Мекен. Германскиот обвинител од Брауншвајг, Ханс Кристијан Волтерс, вчера соошти дека претпоставува дека девојчето е мртво, што значи дека истрагата и случајот против Кристијан Б. сега се водат како „убиство“.
Се верува дека тој бил во областа каде што последен пат била видена Медeлин за време на нејзиниот летен одмор во Португалија. Меѓу 1995 и 2007 година тој живеел во Алварге, каде ограбувал хотели и продавал дрога, соопшти германската полиција.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење