Идентификуван напаѓачот во метрото во Санкт Петербург
Вчерашниот бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку 11 лица, а 51 се ранети, го извршил бомбаш-самоубиец, кој е идентификуван како Акбаржон Џалилов, роден во Киргистан во 1995 година.
Киргистанскиот Државен комитет за национална безбедност денеска соопшти дека Џалилов е руски државјанин, по потекло од градот Ош во јужен Киргистан.
Претходно, руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, јавија дека бомбашот-самоубиец е идентификуван како „23-годишен маж од Централна Азија“, кој бомбата ја внел во метрото во својот ранец.
Некои руски медиуми пак објавија дека напаѓачот е идентификуван како Максим Аришев (21), кој е државјанин на Казхстан. Меѓутоа, заменик директорот на казахстанскиот Комитет за национална безбедност, Ниргали Билисбеков ги дементираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека напаѓачот од Санкт Петербург „е роден во Централна Азија, но не е од Казахстан“.
Руските медиуми информираа дека полицијата при преглед на безбедносните камери претходно регистирала едно лице, за кое постоел сомнеж дека можеби е бомбашот-самоубиец, но тој набрзо се пријавил во полициска станица, отфрлајќи каква и да било поврзаност со нападот.
Како што јави ТАСС, руската полиција синоќа издаде потерници по две лица поради сомнеж за поврзаност со експлозијата во метрото во Санкт Петербург.
- По две лица се трага поради сомнеж дека ја планирале експлозијата. За едниот постои сомнеж дека ја поставил експлозивната направа во вагонот, додека за другиот дека поставил бомба на самата станица на метрото, изјави неименуван полициски извор,
Досега никој не презеде одговорност за нападот во Санкт Петербург.
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) лани ги повика своите приврзаници да вршат напади во Русија, во знак на одмазда поради нејзината интервенција во Сирија, каде руските сили го поддржуваат сирискиот преседател Башар Асад.
Според безбедносни извори, најмалку 7.000 државјани на поранешните советски републики, од кои околу 2.900 граѓани на Русија, им се приклучиле на исламистичките групи во Сирија и Ирак, пред се на ИД.
По повод нападот во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа одржа вонреден состанок со претставници на безбедносните и разузнавачките служби.
Нападот се случи вчера попладне, околу 13:40 часот по средноевропско време, во еден од возовите на метрото во Санкт Петербург меѓу станиците „Технолошки институт“ и „Плоштадот Сенаја“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното