Свет
12. July 2017 - 17:52

ОН идентификуваа 38 нови масовни гробници во ДР Конго

Обединети нации денеска соопштија дека откриле уште 38 потенцијални масовни гробници во централниот регион Касаи во Демократска Република Конго.

Со тоа вкупниот број на откриени гробници се искачи на 80, од почетокот на интензивирање на судирот меѓу армијата и локалните паравоени единици во август минатата година.

Портпаролот на мировната мисија на ОН во ДР Конго изјави дека гробниците се идентификувани за време на здружената мисија со воените иследници на ДР Конго минатата недела.