Македонија
26. August 2018 - 16:07

Идеите за размена на територии и прекројување на границите на Балканот носат безбедносни кризи

Евентуалното прекројување на границите и размената  на териротии мегу Србија и Косово може да влијае негативно врз безбедноста во регионот. Се поприсутните најави за ваквата можност  кои доагаат од Белград и Приштина, но и од дел на мегународната заедница ,  ги загрижуваат безбедносните експерти. Македонија во моментов е во  особено фрагилна ситуацијата и таквиот развој на настаните може да  биде силен фактор за дестабилизација.

Прекројување  на границите  по етнички линии досега беше одбивано како решение во кревкиот регион , вели за Н1 експерот за балканските прилики Флориан Бибер. Но, сега , наеднаш, идеите на Тачи и Вучиќ, за размена на северниот дел на Косово каде живее мнозинството Срби за  Прешево Медвеге и Бујановац каде мнозинското насление се Албанци, се промовира од блиските соработници од Трамп, а подискретно и од некои европски центри.

На Европскиот Форум кој се одржува во Австрија, Вучиќ и Тачи  јавно порачаа дека размислуваат за ваквата опција и  побараа од мегународните фактори  дека не треба да се спротиставуваат на решение кое предвидува корекција на границите.

 

 

"