ИД зазела територија и во јужна Сомалија

Групата Исламска држава (ИД) првпат зазела територија во јужна Сомалија, јави ДПА, повикувајќи се на локални жители и претставници на властите.
Ваквите информации доаѓаа во време на зачестени сознанија за засилување на тензиите меѓу исламистичката милтантна група Ал Шабаб и борците кои ја поддржуваат ИД.
Вооружените исламистички милитанти, кои биле во составот на Ал Шабаб, но неодамна преминале во ИД, првпат презеле мал округ крај сомалиско-кениската граница во регионот на Долна Џуба.
Околу 70 тешко вооружени мажи го зазеле малиот град Тел Баруаго, во близина на клучниот град Добли, откако сомалиските војници се повлекле оттаму без борба.
Според локален жител, кој го видел влегувањето на екстремистите во градот, тие скандирале „Алах Акбар, ние сме момчињата на Исламска држава“ и притоа го запалиле домот на регионалниот началник.
Според припадник на сомалиското разузнавање ДИД, екстремистите веќе се зацврстиле во северниот дел на земјата, најмногу во провинцијата Пунтланд, а сега се појавила уште една терористичка организација, наречена Исламска држава во источна Африка, која зазема реони во некои делови на Сомалија.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
