-->
-->
ИД презеде одговорност за нападот во Северен Синај
-->
Терористичката групација Исламска држава (ИД) презеде одговорност за вчерашниот напад врз контролен пункт на египетските безбедносни сили во провинцијата Северен Синај во североисточен Египет, при кој загинаа осум лица.
- Ненадејниот напад што го спроведоа борците на ИД на контролниот пункт во градот Ариш во Северен Синај, следеше по детонацијата на автомобил бомба поставена од борец на ИД, стои во соопштението објавено на порталот на терористичката групација Амак.
Северен Синај се претвори во дом на повеќе радикални групации, откако египетксата Армија го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси, по масовните протести во земјата против него.
Некои од тие екстремистички групи веќе објавија лојалност кон ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции