-->
-->
ИД презеде одговорност за нападите во Камишли
-->
Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за двојниот самоубиствен напад во североисточниот сириски град Камишли, во близина на границата со Турција.
ИД тврди дека нејзини припадници нападнале христијански борци и оти загинале приближно 30, а повредени се 100 луѓе.
Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права објави дека во нападот загинале најмалку 16 луѓе, а повредени се 30. Цел на нападите биле два ресторана во реон на Камишли, претежно населен со христијани.
ИД често извршува напади во Камишли, во сириската провинција Хасака. Курдските милиции се првата линија во борбата протув ИД во Сирија и во соседен Ирак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда