ИД повторно се приближува до Палмира
САД се борат со новата демонстрација на сила од страна на екстремистите од Исламска држава, кои повторно напредуваат кон древниот сириски град Палмира и кои покажаа оти има одредени пропусти во обезбедувањето на Багдад, пренесува БТА.
До моментот САД не ја менуваат стратегијата за справување со групацијата, но насилството на двата важни фронта сепак покажа дека кампањата, предводена од САД има слаби сојузници и сили, јавуваат американски медиуми.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека САД не сакаат ИД повторно да ја преземе Палмира. САД сепак нема да координираат операција за заштита со силите на претседателот Башар ал Асад и со Русија, доколку неодамна повратениот град, повторно е под закана.
Приближувањето на екстремистрите од ИД до Палмира претставува закана градот да биде ставен под опсада, откако пред неколку недела исламистите беа протерани од него. Џихадистите презеле вчера напуштен објект за истрелување ракети со стратешка оддалеченот на 60 километри од Палмира.
За Владата на Асад тоа значи крај на движењето по магистралата, која ги поврзува Палмира со воздушната база Т-4 и главниот град на провинцијата, градот Хомс. Сето тоа ги става под закана и доставките на Владата, коментираат американски медиуми.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права ја потврди информацијата за успехот на ИД, како и податоците за соборување на сириски воен хеликоптер.
Сириските државни медиуми, пак, ги демантираа информациирте дека патот меѓу Хомс и Палмира е прекинат.
Претходно вчера над 90 лица загинаа во троен напад на ИД во Багдад.
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил