-->
-->
ИД ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Багдад
-->

Џихадистичката група Исламска држава ја презеде денеска одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во шиитски кварт на Багдад.
Најмалку 41 лице загина, а повеќе од 33 се повредени откако бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитските ритуали на празникот Ашура, што претставуваат оплакување на убиството на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, од VII век. Шаторот бил поставен на пазар препол со луѓе.
ИД во своето соопштение тврди дека нивниот борец ја активирал бомбата која се наоѓала на неговиот појас во шиитскиот кварт Ал Шааб, во северниот дел на Багдад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
