-->
-->
И тоа се случи судија суспендиран, мечот ќе се преигра!
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши натпреварот во калификациите за Светското првенство помеѓу Јужна Африка и Сенегал да се одигра повотрно, бидејќи дусијата Јозеф Лампти доживотно е отстранет од фудбалот.
ФИФА објави дека натпреварот кој заврши со победа на Јужна Африка 2:1 повторно ќе биде одигран во ноември, а точниот датум ќе биде дополнително соопштен.
ФИФА ја донесе одлуката мечот да се преигра откако Судот за арбитража во спортот ја потврди казната на Светската фудбалска федерација, односно ја потврди доживотната суспензија за судијата Јозеф Лампти од Гана.
ФИФА го прогласи Лампти за виновен поради кршењето на правилата кои се однесуваат на „недозволеното влијание на резултатот на натпреварот“.
Лампти на натпреварот досуди пенал за Јужна Африка иако дефанзивецот на Себегал Калиду Кулибали воопшто не играл со рака пред својот гол. Снимката покажува дека топката го погодила Кулибали во коленото.
Јужна Африка го искористи пеналот и ја забележа првата победа во последната квалификациска рунда за пласман на Светското првенство во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија